Човек во завои и синдџири

Besilka

'' Во мојата куќа во една соба која ја заклучувам постојано, спие еден човек. Човекот е врзан за креветот, замотан во завои од глава до пети. Овој сон го сонувам континуирано скоро 20 години“ Анита Анита е жена на 40 години, која е прилично повлечена и срамежлива. По анализата на сонот и психолошкото советување, Анита прави промени во својот живот. Презема некои важни чекори за себе. По тоа, истиот сон се изменува. Врзаниот човек се ослободил од завоите и наеднаш постанал двегодишно детенце кое ги соблекува пантолончињата и си игра со своите гениталии. Некој глас во сонот и вели на Анита дека е непристојно да му допушти на мало дете да прави такви нешта. Анита се насмеала и разбудила. Анализирајќи го сонот, го увидува неготово значење. Анита конечно успева да ја покаже сопствената машка енергија без чувство на срам. Истата онаа машка енергија која со години била врзана, и со тоа ја врзувала нејзината самодоверба во многу аспекти од нејзиниот живот. Конечно нејзината самодоверба расте, со неа и малото детенце од сонот.