Дете во плакар

Besilka

„Овој сон го сонувам константно. Влегувам во една напуштена колиба. Внатре има девојче кое е само; седи на подот и молчи. Изненадена сум од ситуацијата и присуството на детето, бидејќи ми се чинеше дека колибата е празна и напуштена. Се приближувам кон девојчето, и токму пред да стигнам до неа, слушам морничаво липтање од некој кој не го гледам“. Кристина Кристина со години го сонувала овој сон. Кога одлучува да му посвети внимание и да го анализира, повторно го сонува на следниот начин: „Здогледувам врата која никој претходно не сум ја приметила. Ја отворам вратата и гледам мало дете како плаче. Целиот е валкан, истоштен и не ми дозволува да го допрам“.

Низ анализата, Кристина сфаќа дека малото валкано и плачливо дете е всушност самата таа. Како дете, Кристина сакала да носи шорцеви и да се пентари на дрва, но нејзината мајка тоа не го дозволувала и упорно и облекувала женствени и помалку демодирани фустанчиња кои никогаш не смеела да ги извалка. Кристина растела како повлечена и сериозна девојка, како девојчето во колибата кое седи молчеливо на подот.

Момчето го претставува нејзиниот машки аспект кој таа никогаш не го развивала кај себе - бидејќи немала дозвола за тоа. Па така, момчето е заклучено во плакар и заборавено. Увидувајќи го овој свој суштински аспект кој Кристина го оттуѓила како дете, нејзината творечка енергија се ослободува. Бесот кој го собирала низ годините сонувајќи го овој сон, се ослободува претворајќи се во динамична креативна енергија. Момчето кое е бесно бидејќи го заборавиле и не го слушаат, конечно има можност да придонесе во нејзиниот живот правејќи го пожив, послободен, креативен и радосен.