Одлука

Odluka

„Излегувам од зградата кај што работам. Пред мене гледам река, која во реалноста не постои. Се придвижувам кон реката и гледам мост. Мостот е дрвен, стар, но стабилен. Преку мостот ја гледам зградата каде што знам дека се наоѓа компанијата каде што сакам да почнам да работам. Се упатувам натаму, преку мостот. Забележувам дека водата е малку матна. Го поминувам мостот и се приближувам до зградата. Како што се приближувам, забалежувам дека зградата се претвора во стара, руинирана барака“ Милан, 46

Овој сон доаѓа во момент кога Милан сака да ја напушти својата фирма за друга компанија, која по неговите истражувања е многу успешна, профитабилна, со одлична репутација во бизнис светот. Милан ги поминал интервјуата и новото работно место му е скоро загарантирано. Сепак, постојат некои двоумења кај него, најмногу поради врзаноста за својата фирма и по одредени гласови кои допираат до него од клиентите. Но генерално, реално не постои објективна причина за сомнеж. Милан инкубира прашање пред да заспие„ Дали да ја прифатам работата во оваа компанија“?, по кое го добива овој сон. Анализата на сонот е лесна и очигледна: убавата зграда на новата компанија се претвора во стара руинирана барака. Препораката од сонот е дека оваа одлука не е добра за него, односно дека компанијата не е тоа што се чини. Милан останува на старото работно место. Неколку месеци по овој сон, таа компанија прогласува банкрот.