Анализа на соништа

Запомнете ги своите соништа

Автор:Ивана Станковска

Еден од најголемите проблеми со кои се сретнуваат луѓето кои би сакале да ги анализираат своите соништа, е нивното заборавање. Во моментот на будење тие се свесни за сонуваната содржина но тоа сеќавање брзо „испарува“, оставајќи го сонувачот со непријатно чувство на лишеност и залудни обиди да се присети.

Зашто се соништата важни

Автор:Ивана Станковска

Психолошката анализа на соништа е авантура која води кон себе, кон себеостварување. Оние кои ќе ја започнат оваа авантура, влегуваат во кралство од бои, звуци, слики, ликови, настани, доживувања....цела една бајковита драма. Точната анализа на оваа драма може да ви помогне на многу различни начини, да ја зајакнете самосвесноста, самодовербата, разбирањето на своите вистински пориви, да откривате свои лични аспекти. На пример, да ја почувствувате и освестите својата сила, потенцијали, креативност, сексуалност, одлучност, и многу други значајни аспекти.

Соништата и бременоста

Автор:Ивана Станковска

Сонот е природна појава, со кој на специфичен јазик ни се обраќа и открива нашето несвесно. Најчесто во форма на слики, фигури и симболи, понекогаш како вистинска драма ја изразува префинетоста и моќта на чувствата, исто толку добро како и јасната рационална мисла. Понекогаш ни се чини скоро бесмислена, нелогична и бизарна содржината на нашите соништа, но доколку им посветиме малку внимание, ќе увидиме вистинска мудрост која ни носи многу пораки и навестува подлабока смисла или увид во она што психолошки го живееме и доживуваме.