Депресија

Депресија која нешто значи

Автор:Ивана Станковска

Депресијата може да се појави како реакција на одредени животни трауматски настани. Исто така, депресијата може да биде потивка но долготрајна и да постане одлика на личноста која е депресивна, односно таа генерално се чувствува немоќно, беспомошно да било што стори за себе и својот живот, а притоа и многу виновно поради таа немоќ. Депресијата која е длабока, интензивна и психотична, бара медикаментозна терапија со цел да се поврати биолошкиот баланс, а потоа се придружува психотерапијата, за која е често неопходна значајна соработка и поддршка од/на целото семејство.