Психолошко катче Мандала

Центар за психолошко советување и личен развој

Психолошко Катче е за сите Вас кои имате порив за личен раст и развој, потреба за психолошка помош и поддршка, психолошко советување и психотерапија. Човекот се раѓа со природен потенцијал да постигне целовитост, автентичност и извонредност. Низ таа река на животот создаваме и доживуваме животни искуства, се среќаваме со радости, успеси, предизвици и кризи. Животот е таков: со мноштво убавини и сивила, победи и порази, задоволства и непријатности. И токму низ тие тешкотии, ние всушност можеме да растеме и да ја освојуваме извонредноста.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

во психолошкото советувалиште!

Низ оваа станица, можете да најдете мноштво теми за кои можете да читате, како и мноштво настани. Настаните се однесуваат на тематски искуствени работилници и психоедукација, каде што дискутираме, се информираме, истражуваме и низ конкретни техники, искуствено разрешуваме конкретни предизвици. Темите за кои ќе читате овде,се однесуваат на типичните психолошки и животни предизвици со кои се соочуваме низ животот. Секој еден од нас е посебна и единствена личност, и поради тоа, секое наше искуство е индивидуално. Притоа, предизвиците со кои се соочуваме, се слични, и поради тоа можете да се препознаете во многу од нив. Се надевам дека читајќи ги темите, ќе добиете идеја, инспирација или поттик да ги разрешувате Вашите предизвици, на нов начин. Целта на текстовите е токму таа: да Ви понуди информации и идеи, базирани на психолошките истражувања и знаења, како и искуството во работа со луѓето на нивниот личен раст и развој.

Се разбира, често пати не умееме и не знаеме како да разрешиме некој наш предизвик или проблем: и тогаш можете да побарате стручна поддршка во форма на индивидуално психолошко советување, семејно советување, психотерапија, работа на себе во група.

Работата на себе е значајна дури и кога немате горлив животен предизвик или проблем: доволно е да сакате да се спознавате себеси, да ја развивате својата свесност, да учите нови животни вештини, се со цел да го збогатите Вашиот живот и да живеете радосно и слобоно.

Низ овие страници, за момент ќе се сретнеме јас и Вие. На таа средба, јас имам задоволство да Ви понудам идеи, информации и стручни знаења. Вие пак, можете да го пронајдете и добиете, токму она што во овој момент Ви е потребно.

УЖИВАЈТЕ!

Локација

Закажете го својот термин

Секој работен ден од 10:00 до 18:00

072/311 677

psiholoshko.katche@gmail.com

Улица Прашка, бр. 13, Влез 1, Стан 3