Настани

Дали имаш ЦЕЛИ?

Јасно дефинираните цели обезбедуваат фокус и животна смисла, и како магнети ја привлекуваат нашата акција, верувања и животни вредности кон себе. -Како да поставиме јасни цели? - Како си помагаме, а како си одмагаме во остварувањето на целите? Кои се препреките на патот кон целта, и дали и како ние ги креираме? Што може да ни помогне? - Како да покренеме јасно осмислена акција и да ги активираме своите ресурси, за да ги реализираме нашите цели? Работилницата има цел да Ви обезбеди алатки, увиди и ресурси за да постанете посвесни за Вашите желби, да ги дефинирате Вашите цели, и да креира за Вас „мапа“ која ќе ве води кон тие цели.

Датум и време на одржување на работилницата:
03.02.2019
11:00-14:00

Партнерски релации – Нашиот танц во љубовта

- За машката и женската сексуалност, и како можеме да ја развиваме „еротската“ интелигенција - Како можеме истовремено да ја балансираме потребата за припаѓање и сигурност, и потребата за дистанца и авантура во партнерска релација? - Како можеме да ја развиваме партнерската самодоверба? - Како можеме да ги комуницираме со партнерот нештата кои ни се важни да ги кажеме/слушнеме, а за кои истовремено стравуваме да зборуваме? - Како можеме интелигентно да ги разрешуваме партнерските конфликти? - Како да знаеме кој е „вистинскиот/ката“ за нас? - Што се случува кога некој трет ќе се вклучи во партнерското танго? - Што се случува кога партнерот/ката се дистанцира од нас? - Што носиме од себе и што презентираме од себе во една партнерска релација? Што избегнуваме да покажеме од себе во една партнерска релација? - Што се случува кога една партнерска релација ветува многу на почеток, а потоа едниот партнер го губи интересот и вниманието? - Кои очекувања ги внесуваме во партнерската релација? - Како да останеме поврзани со себеси ( своите желби, потреби, страсти, идеи), додека истовремено сме поврзани со партнерот ?

Датум и време на одржување на работилницата:
24.02.2019
12:00-16:00

Емоционално јадење

Нашето тело, ум и душа функционираат во совршена целина во која се поврзани и меѓусебно делуваат едни на други. Во процесот на поддршка на телото и неговото здравје и форма, не можеме да ги исклучиме другите два столба на нашето битие, односно нашето ментално и емоционално тело. Токму таму, во нашето ментално и емоционално тело, е вистинското место каде што треба да погледнеме и да посветиме внимание, кога ќе донесеме одлука да инвестираме во нашето физичко здравје и виткост. Психофизичката ускладеност, менталниот и емоционалниот баланс значајно ќе придонесат за здраво и витко тело.

Датум и време на оддржување на предавањето:
14.05.2019
18:00-20:00

Практични препораки – анксиозност и паника

Целта на ова интерактивно предавање е да добиете информации и знаења за биолошката и психолошката основа на анксиозноста и паниката, како и практични препораки во поглед на секојдневното функционирање кои ќе Ве поддржат во надминувањето на состојбата. Вежбите кои ќе се работат, ќе можете понатаму и самостојно да ги применувате.

Датум и време на оддржување на предавањето:
20.05.2019
18:00-20:00

Совладување на тремата

Немир, нозе тешки како олово, стегање во грлото, треперење на гласот, треперење на дланките, тахикардија и срце кое сака да излезе од градите.....Добредојдовте во светот на тремата! Тремата може да се доживее во различни животни ситуации кои ги доживуваме како важни: тест или испит, јавен настап, интервју за работа, љубовна средба, важна социјална ситуација. Доколку сте ја запознале тремата на начин кој бил непријатен за Вас, и имате волја да научите подобро да се справите со истата, како би можеле во потполност да уживате и да брилјирате во сите важни важни животни ситуации, добредојдени сте!

Датум и време на оддржување на предавањето:
20.06.2019
18:00-20:00

Навики и промени

Оваа работилница има за цел да Ве поведе кон патот на воведувањето на промени и нови навики кои ќе станат дел од Вашиот живот. Низ интерактивни вежби и домашни задачи, ќе ги развиваме најдобрите стратегии за развивање на оваа вештина. Прочитајте повеќе.....

Датум и време на оддржување на предавањето:
20.06.2019
18:00-20:00

Еднодневна работилница: Свесна.Своја.Радосна

Ова е работилница наменета за сите жени кои сакаат да ја истражуваат својата женска енергија, да ја покренат својата женска снага и да ги откријат сите дарови кои ги носат во себе. Прочитајте повеќе!

Датум и време на одржување:
04.03.2018
10:00-17:00

Дводневна искуствена работилница "Семејни констелации"

Заедно со Маја Мандиќ Марковиќ од Белград (психолог психотерапевт, едукатор и констелатор), на 10 и 11 февруари 2018 имавме фантастично констелациско искуство: ги увидовме нишките кои ја поврзуваат нашата сегашност со болното минато на нашите претци, нишките кои креираат блокади и застои. Она што е уште поважно, со голема љубов и почит кон претците, ги отплетовме тие нишки кои ни се значајни за да може љубовта слободно да тече во нашите животи.
Поголемиот дел од учесниците се најдоа на фотографијата која се сетивме да ја направиме на крајот од работилницата.

Искуствена работилница "Поставување цели"

На 28 јануари 2018 се одржа тричасовна работилница посветена на јакнење на личните вештини за Поставување Цели.
Работилницата понуди можност за увиди и ресурси за подигнување на свесноста за желбите на учесниците и за нивниот однос кон своите желби. Имено, значаен беше увидот какви релации градат нашите желби и потреби едни со други: кои и како се поддржуваат или се блокираат, кои и како се надополнуваат а како се спротивставуваат. Потоа, работилницата понуди алатки за дефинирање на цели, и значајна алатка за креирање на "мапа" која ќе води кон нивното остварување.  

Дводневна искуствена работилницa: Посакај и оствари!

Дводневна работилница која е креирана на тој начин да Ви овозможи добар завршеток и подготвен почеток! Пријавувањето е во тек. Прочитајте повеќе!

Датум и време на одржување:
16-17.12.2017
10:00-17:00

Љубов и партнерски релации

"Ако сакаш љубовта да цути, треба да го направиш она што таа го бара, и да се воздржиш од она што ја повредува" Берт Хелингер. Ова е работилница за љубовта. Да дозволиме слободно да тече низ нашите релации и да оствариме квалитетни и функционални партнерски релации. Прочитајте повеќе

Еднодневна искуствена работилница "Животната сила на парите"

"Лудост е секогаш да се прават истите нешта и да се очекуваат различни резултати" Прочитајте повеќеза оваа работилница со методата на семејни констелации!

Март - месец на студенти и средношколци

Во месец март, студентите и средношколците имаат можност за 20% попуст, за средби на психолошко советување за личен развој. Прочитајте повеќе!

Психолошки разговори со медитација

За сите Вас, Психолошко катче Ви предложува летна програма, одлична за ментално освежување и емоционално растеретување.

За сите Вас, Психолошко катче Ви предложува летна програма, одлична за ментално освежување и емоционално растеретување. Прочитај повеќе

Свесна.Своја.Радосна- Работилница за жени

Дали се прашувате себеси каков може да биде Вашиот живот, ако го живеете потполно, со полна снага и енергија?

Ова е време кога женската енергија се покренува и се буди, кога добива нова снага. Се разбира, таа не може да постои сама – само во танц со зрела и балансирана машка енергија во себе и во своите релации, жената има можност да се манифестира, да се изрази, добива виталност, и креативни искуства.

На оваа работилница, ќе дискутираме за женската енергија, нејзините квалитети и манифестација.

Ќе правиме вежби кои ќе ни помогнат да станеме свесни за жената која сме, како и за сите потиснати и занемарени наши аспекти. Ќе ја разбудиме и ќе се поврземе со целата наша женска снага.

Низ вежба и медитација, ќе работиме на женската интуиција и покренување на женската сексуалност.

Низ констелациски вежби, ќе се посветиме на нашата женска самосвесност и љубов за себе, во баланс со машката енергија во нас.

На работилницата ќе ко-креираме единствено искуство на спознавање, свесност и поддршка, каде секоја жена ќе се посвети на својот личен развој и своето лично искуство.

Водители на работилница се:
- Катерина Сековска – Анѓеловиќ, јога инструктор, лајф коуч и тренер за човечки ресурси по Клиринг методот од Јога Студио Делфи Спирит
- Ивана Станковска, М-р психолог и семеен советник од Психолошко катче МАНДАЛА

Нашето партнерство ја здружува психологијата, медитацијата, коучингот и јогата во еден единствен концепт.

Информации на следните контакти:
072 311 677 (Ивана)
075 436 070 (Катерина)
Добредојдовте!

Дводневна работилница: Посакај и Оствари!

Сè во овој наш Универзум се движи и се менува. Така и времето, така и ние. Се приближуваме кон крајот на оваа наша 2017, и пополека ни се приближува 2018 година. Позади нас имаме мноштво животни искуства, а пред нас е празен простор и време – година која допрва треба да ја доживееме! Новата година е секогаш период кога, свесно или несвесно, порано или подоцна, правиме "резиме" на она што поминало и размислуваме за она што сакаме да ни дојде. Па така, начинот на кој ќе завршиме нешто, е суштински за она што треба да биде нов почеток. Исто така, начинот и на кој ќе се подготвиме за новиот почеток, е суштински за свесно, одговорно и автентично да се впуштиме во новата авантура наречена нашата 2018 та година.

Оваа дводневна работилница е креирана на тој начин да Ви овозможи токму тоа: добар завршеток и подготвен почеток! Програмата е целосно искуствена, преку работа на себе во група, интерактивни вежби, констелациски вежби и медитации.

Односно, ќе работиме на следните теми:

САБОТА:

1. Заокружување на 2017 низ искуствен процес на свесност за себе, своите искуства, своите (не)остварени цели и потреби. Што понесуваме со себе како свои

2. Завршување на она што останало незавршено. Вежба за ослободување од лутина и простување

3. Подигнување на свесноста за уверувањата кои не блокираат. Подигнување на свесноста за она што ни се повторува како искуства во нашите

4. Вежби за ослободување од уверувањата кои блокираат/обрасците кои се повторуваат

НЕДЕЛА:

1. Дефинирање на цели за 2018. Дефинирање на нашите суштински желби и потреби, вредности, како и нашите скриени внатрешни ресурси. Вежба за зголемување на подготвеноста за промена.

2. Вежба за зајакнување на самодовербата

3. Поврзаноста на парите и емоциите. Вежба за зголемување на финансискиот

4. Љубов и партнерство, вежба за емоционално отворање и емоционално поврзување (со сегашен или посакуван партнер)

Наскоро ќе добиете и детална агенда за овие два дена.

Оваа програма Ви ја носи советувалиштето Психолошко катче и Јога Студио Делфи Спирит.
Водители се:
Ивана Станковска, М-р психолог и семеен советник
Катерина Сековска - Анѓеловиќ, јога инструктор, лајф коуч и тренер за човечки ресурси по Клиринг методот.

Нашето партнерство ја здружува психологијата, медитацијата, коучингот и јогата во еден единствен концепт од два дена посветена работа на – СЕБЕ.

Во духот на празниците, со уплата до 04.12.2017 оваа дводневна работилница ја добивате за 2000,00.
По 04.12.2017, цената е 2500,00.
Го резервирате своето место со уплата на учество од 30%
. Информации на:
072 311 677 (Ивана)
075 436 070 (Катерина)

Повелете, подарете си нешто значајно за себе за овие празници, а секако можете да му подарите учество и на некој Ваш близок! :)

Психолошки разговори со медитација

Програмата е достапна за Вас од 01.07 до 31.07 и таа сочинува 2 интерактивни тематски предавања "Психолошки разговори" придружени со медитатативни вежби. Програмата е конципирана на начин да Ви понуди информации, идеи, дискусии на интересни теми за психолошкото здравје и развој, проследени со медитативни вежби за психофизичка и емоционална релаксација.

Ви ги предложуваме следните теми:

18.07.2017 18:30-18:30 Дали ги јадете Вашите емоции?

Разговараме за емоционалното јадење, и меѓусебната поврзаност и взаемно делување на нашите емоции и нашиот изглед.

26.07.2017 18:30-18:30 Стравот во нашиот живот

Разговараме за тема која е значајна за секој од нас - нашите стравови. Ќе споделиме информации и за анксиозноста и паничните напади како актуелни проблеми, нивната смисла, цел, функција, значење и ослободување.

Секоја тема од нашите "Психолошки разговори" е придружена со медитативна вежба соодветна на темата. Секое средба на интерактивно предавање со медитативна вежба трае два часа, и чини 450,00. Местата се ограничени и тоа нè обврзува да најавиме дека пријавувањето е задолжително. Повеќе информации на телефон 072/311-677 Ви посакуваме лето кое ќе го паметите! <3

Март - месец на студенти и средношколци

Средношколските денови, како и студентските, умеат да бидат возбудливо магични, како и стресни. Можеби токму во овој животен период најсилно чувствуваме дека сè е возможно, ја чувствуваме својата животна сила, енергија, визија, потенцијали, автентичност....додека ја откриваме, истражуваме и обликуваме својата независност, компетентност и одговорност.

Овој пакет има за цел да Ве поддржи во овој процес на откривање на себеси и на личен развој, и во разрешување на важните дилеми, теми и проблеми со кои се соочувате.

На пример, теми на кои можете да работите:

1. Изборот на партнер, партнерските релации, љубовта и сексот.
2. Самодовербата и самопочитта во сите аспекти: својата личност - својот изглед и својата карактеристичност; пријателствата, училиштето/факултетот, семејството
3. Училишниот успех и постигнувања, мотивација, концентрација
4. Изборот на факултет, професија, кариера
5. Сигурноста и страста - Балансирањето помеѓу овие две важни потреби
6. Поддршка при развивање на вештини за донесување одлуки и поставување цели
7. Надминување на стравовите, анксиозноста, депресивноста
8. Совладување на тремата
9. Теми поврзани со семејните и социјалните релации
10. Себеоткривање и личен развој

Овие средби се наменети за индивидуално и/или семејно советување. Пакетот содржи 3 средби (со 20% попуст) кои можат да се реализираат и во текот на април, доколку се резервираат во март. Повелете <3

Животната сила на парите

Се трудиме на многу начини да ја зголемиме својата парична моќ: работиме вредно, учиме нови стратегии, пробуваме различни начини на манипулирање со пари..... и резултатот е повеќе или помалку ист. Како да имаме вграден термостат на одредена сума на пари. Повремено ќе ја чуеме татковата реченица "За парите мора крваво да се работи’’, или мајчината "Тоа не можеме да си го дозволиме, ние не сме богаташи", или "Парите ги расипуваат луѓето". А дедо ни зборуваше "Чувај си ги парите за црни денови", и потоа ги изгуби сите пари во периодот на инфлацијата.

На многу начини ние сме несвесно вплетени во семејните судбини. Поради нашата голема детска љубов и несвесна лојалност кон претците, ние преземаме одредени обрасци на однесување, одредено емоционално реагирање,понесуваме одредени блокади со себе. Така, тие обрасци може да се однесуваат на оние пред нас кои биле успешни и имотни, како и судбините на оние кои поминале низ сиромаштво, глад, страдање и губитоци.

Работилницата "Животната сила на парите" е потполно ПРАКТИЧНА и се заснова на трансгенерацискиот модел на СЕМЕЈНИ КОНСТЕЛАЦИИ. Сите вежби кои се прават можете подоцна да ги применувате самостојно со цел да го ослободите својот финансиски потенцијал и да ги разрешите препреките, грижите и стравовите кои ви се појавуваат на патот кон остварување на финансиските цели.

Еве што конкретно ќе добиете на оваа работилница. Темите на кои ќе се работи се следните: - Како сме програмирани во поглед на парите? Кои настани, вербални пораки и обрасци на однесување на родителите и претците го одредуваат нашиот однос кон парите и материјалната благосостојба? Ќе се работат практични вежби за начините на кои можеме да се репрограмираме

- Во чија судбина несвесно сме трансгенерациски вплетени, во однос на нашиот однос кон парите и имотот? Чиј терет носиме, а притоа никој не го побарал тоа од нас? Практично ќе се работат начините на одврзување и одвојување од судбината на претците со кои сочувствуваме и со кои несвесно се поистоветуваме во несреќата

- Како да се соочиме со своите стравови и грижи? Практични стратегии

- Техника "Miracle" за активирање на постоечките ресурси, брзо покренување и поставување на јасни и постепени цели во остварување на промените на однесувањето и финансискиот напредок

- Клучеви кои ги користат деловно успешните и имотни луѓе во остварување на своите цели. Вежби и задачи.

Работилницата и вежбите ги води Маја Мандиќ Марковиќ, која доаѓа од Белград, Србија.Таа е психолог, системски семеен психотерапевт, сертификуван едукатор и практикувач на Хелингеровата метода за семејни констелации.

Многумина од Вас веќе ја запознаа Маја Мандиќ Марковиќ и знаат дека ги очекува фантастично искуство. Овојпат, темата е многу конкретна и интересна за сите нас!

Работилницата е целодневна, односно се работи од 10:00 до 18:00. Цената е 50 eur или 3100,00.

Ги очекуваме Вашите пријави на:
072 311 677 (Ивана Станковска)
078 603 789 ( Бојана Симонова)
info@psiholoshkokatche.com


Повеќе за семејните констелации и за Маја Мандиќ Марковиќ, на следните линкови:
http://www.arkona.rs/
https://www.facebook.com/PorodicniRasporedHelinger/?fref=ts

Искуствена работилницa:Љубов и партнерски релации

На многу начини ние сме несвесно вплетени во семејната судбина и обрасците на однесување и емоционално реагирање во поглед на начинот на кој се однесуваме кон љубовта, партнерот и партнерската релација. Со нашата голема детска љубов и несвесна лојалност ние ги преземаме обрасците, како на оние наши претци кои нè поддржувале, сакале и ја делеле љубовта и животот со својот партнер, така и судбините на оние кои поминале низ трагичен губиток на саканата личност, отфрлање, љубомора, омраза и емотивна повреденост.

Работилницата "Љубовта и партнерските релации" е потполно ПРАКТИЧНА и се заснова на трансгенерацискиот модел на СЕМЕЈНИ КОНСТЕЛАЦИИ. Сите вежби кои се прават, можете подоцна самостојно да ги применувате како би можеле посвесно да ги согледате своите чувства и потреби во однос на партнерот, и како би оствариле зрела и плодна партнерска релација. Темите на кои ќе се работи на оваа еднодневна работилница се следните:

- На кој начин го бираме партнерот и се врзуваме за него? Кои несвесни сили и потреби нè покренуваат да се вљубиме? За што трагаме низ партнерската релација и како се огледуваме во својот партнер. Што произлегува од врзувањето во партнерството?

- Во чија судбина ние сме несвесно трансгенерациски вплетени, и како тоа влијае на нашиот избор на партнер, љубовната приказна и обрасците на партнерската релација? Начини на одврзување и одвојување од судбините на претците со кои сочувствуваме и со кои се поистоветуваме во несреќните и деструктивни љубовни обрасци. Исто така, на кој начин се венчаваме за семејството на партнерот?

- Моќта на сексуалноста која е инстинктивна и на која не можеме да и одолееме; а која овозможува континуитет на животот наспроти сите препреки, и која е важна за љубовта и партнерската релација. Предноста на партнерската релација во однос на родителската.

- Рамнотежата на давањето и примањето во партнерската релација. Начини на кои доаѓа до рамнотежа и како повторно можеме да се ускладиме.

Како и досега, покрај вежбите, на работилницата ќе се одработат и неколку Ваши констелации. Работилницата ја води води Маја Мандиќ Марковиќ, која доаѓа од Белград, Србија.Таа е психолог, системски семеен психотерапевт, сертификуван едукатор и практикувач на Хелингеровата метода на семејни констелации.

Многумина од Вас ја запознаа Маја Мандиќ Марковиќ и знаат дека ги очекува фантастично искуство! Имајќи предвид дека пред нас имаме тема која е многу значајна за секој од нас, искуството е уште подрагоцено :)

Работилницата е целодневна, односно се работи од 10:00 до 18:00. Цената е 50 eur или 3100,00. Понесете лесна, удобна облека, понесете ја својата конкретна тема, и својата спремност да работите на љубовта и партнерската релација.

Ги очекуваме Вашите пријави на 072/311-677 Ивана Станковска, е-mail: info@psiholoshkokatche.com

Повеќе за семејните констелации и за Маја Мандиќ Марковиќ, на следните линкови: http://www.arkona.rs/ https://www.facebook.com/PorodicniRasporedHelinger/?fref=ts