Родителство

Online родителство

Автор:Ивана Станковска

Во изминатите генерации, ние живеевме покрај семејство и пријатели кои можеа да ни помогнат да ги научиме родителските трикови, а сега истото го откриваме онлајн. Интернетот постанува истовремено водич и курс за родителските вештини, со мноштво мислења; стручни и сериозни, досетливи и практични, површни, половични, банални, некогаш и многу погрешни. Интернетот ќе ви даде неограничен извор на информации и совети. Проблемот е што се тоа мешавина од различно квалитетни мислења и родителска филозофија. Како да вашите мајки и тетки, свекрви, сосетки, пријателки не се доволни во мноштвото совети и прекорувања кои ги имаат за вас.

Адолесцентите и тајните

Автор:Ивана Станковска

Тинејџер во семејството - Вистинска семејна бура! Адолесцентот кој исчекорува од детството, преплавен од бура на емоции, возбуден од сè ново што чувствува, доживува и осознава; а притоа истото и го вознемирува. Родители кои стануваат свесни за својот адолесцент, тагуваат за детето кое го „губат“, и истовремено се возбудени од животните избори кои го очекуваат нивниот адолесцент. Тие се соочуваат со сопствените очекувања за него, и од неговите пориви за освојување на сопствената независност и автономија. И секако, во тој момент стануваат актуелни тајните.

Имаме бебе!

Автор:Ивана Станковска

Губење на нашите идентитети За многумина, раѓањето на ново бебе често носи многу радост, но исто така и еден вид на криза на идентитетот која може да делува збунувачки и да не успеваме да ја разбереме. Сме живееле 20, 30, 40 години; сето тоа време насочени кон развојот и зацврснувањето на нашите идентитети како индивидуи и како парови.

Кога не се чувствувате како во своја кожа

Автор:Ивана Станковска

Кога бебето ќе се роди, сите очекуваат дека тоа ќе биде најволшебниот момент во нивниот живот. Никој не очекува ниту посакува овој период да биде компликуван, исполнет со солзи, фрустрации, непријатни чувства, анксиозни доживувања и/или депресивни. Постпoродилниот период е дефинитивно период на големо прилагодување. Бременоста и породувањето го допираат интензивно телото, мислите и емоционалниот живот.

Ние со бебе

Автор:Ивана Станковска

Постпартален период: како да се погрижите за себеси?s

Психолошкиот аспект на абортусот

Автор:Ивана Станковска

Абортус. Не можеме да зборуваме за изгубено бебе. Абортусот е прерано прекината бременост која не успеала да се реализира до својата конечна цел: породување и раѓање на дете. Наместо тоа, ќе зборуваме за изгубена бременост, која носела во себе надежи, замисли, претстави за родителството, очекувања, желби, копнеж за дете, изгубена можност за нов живот. Не е малку, нели?

Што ја причинува постпородилната депресија

Автор:Ивана Станковска

Постпородилниот период, како и воопшто бременоста и станувањето мајка, е момент на значајна животна промена која донесува многу преиспитувања, и интензивни емоционални одговори на таа промена, бура од мисли, доживувања. Притоа, одредени констелации на биолошки, психолошки и социјални фактори можат да донесат одредени постпородилни психолошки состојби, како постпородилна депресија.