За методата на семејни констелации

Semejni Konstelacii

Bo секое семејство има неразрешени нешта, недоразбирања, конфликти, па и сериозни кавги. Тие често се пренесуваат од генерација на генерација, па оние најмладите често не знаат што е вистинската причина за некои чести или сложени расправии во семејството. Додека едните за тоа зборуваат со најблиските, други премолчуваат, а некои се одлучуваат сепак нешто да превземат околу проблемот. Тогаш на сцена настапуваат семејните констелации, моќна психотепапевтска техника што може да помогне и во разрешувањето на проблемите во партнерските, пријателските, здравствените или работните односи. Маја Мандиќ Марковиќ е системски семеен психотерапевт и е еден од сертификуваните едукатори и практикувачи на оваа метода, формирана од Берт Хелингер уште во 70те. Таа работи и живее во Белград и освен што ја практикува оваа метода, има широк спектар на познавања на источните и западни системи, а своевремено била и еден од основачите на Издавачката куќа – Езотерија.

Денес, искуствените работилници за семејни констелации се оддржуваат во повеќе градови низ Србија, Босна, Црна Гора, Македонија, Хрватска...

Семејните констелации се засноваат на основната човекова способност да сочувствува за себе и себе најблиските, но и со други кои не ни се премногу блиски. Затоа претставникот од групата може, без претходно знаење за проблемот или за клиентот, да се воведе во неговото енергетско, семејно поле и да се чувствува како некој негов предок. Констелацијата се реализира индивидуално или во група, откако поединецот ќе одреди животна тема која сака да ја разреши.

Семејните констелации трагаат за корените на проблемот и го решаваат на тоа ниво на кое тој настанал. За личноста што доаѓа на терапија единствено е важно да има свест за својот проблем, на кое поле од својот живот сака да работи и во која област има потреба да напредува. Семејните констелации се работат со полнолетни лица, но и со деца на училишна возраст, со дозвола и присуство на родителите, каде што тие можат да ги поставуваат своите теми. Во Германија се работени проекти во неколку мултинационални и мултиетнички училишта во кои се применуваат некои од методите и пристапите на семејните констелации. Тоа довело до зголемување на меѓусебната етничка и верска толеранција, почитување помеѓу наставниците и учениците, успех во школо и намалувањето на отсуството од настава и на агресивните испади. Во Србија, Здружението за системска терапија и системски решенија спроведува програма, акредитирана од Министерството за образование на Република Србија, за наставниците на основните школи за работа со агресивни и хиперактивни деца.

На кој начин се доаѓа до суштината на проблемот и неговото решавање?

Проблемот поради кој доаѓаме на терапија е личен, но неговиот корен може да биде од тешко искуство, болни чувства, неразрешени односи и трауми низ кои сме поминале во текот на своето детство и младост; или пак може да биде врзан за болни искуства и трауми на нашите родители, баби и дедовци па и неколку генерации пред нив. Семејни констелации е метода која работи на трансгенерациските трауми кои на несвесно и емоционално ниво се пренесуваат од родителите на децата. Тоа се случува бидејќи психолошкото врзување и лојалноста на децата кон своите родители на емоционално и несвесно ниво е многу силно. На пример, мајката која доживеала траума на силување или сексуална злоупотреба која останала психолошки разрешена, на својата ќерка тешко може да и пренесе чувство на сигурност и доверба по прашање на нејзиниот однос со мажите на партнерско ниво.

Како се изведуваат семејните констелации?

Тоа може малку тешко да се опише, но е многу јасно кога се посматра на лице место. Странката прво ја кажува својата тема, односно го изложува својот проблем. На пример: “Не можам долго да останам во партнерска релација. Обично после неколку месеци сум оставен/а”, “Ми опаѓа косата”, “Oд трема не можам да проговорам на испитот”. Низ пример, една клиентка вели: ”Mоја тема се расправии во семејството”. Потоа почнува да работи на својата тема, и во договор со терапевтот, ги бира своите претставници помеѓу членовите во групата, но без многу размислување и на база на своите чувства, односно бира претставници за себе, сопругот, синот и ќерката. После тоа, ги распоредува во просторот, исто така базирано на некаква интуиција. На пример, ќерката - припиена за себе, синот некаде измеѓу итн. Бидејќи, сите ние имаме внатрешна и несвесна слика за некој свој проблем. Кога на овој начин ќе го претставиме пред себе во просторот, од страна можеме да видиме како работите се одвиваат. Тоа пак, веќе создава еден подобар увид. Бидејќи, секој проблем има своја причина, претставниците почнуваат да се однесуваат како семејство, и да се движат кон настанот, траумата, искуството што е причина за сегашниот проблем.

Оваа терапија може да дејствува на целото семејство. На кој начин?

Кога стануваме свесни и кога ќе ја видиме причината на проблемот и можниот правец за неговото решавање, и ние се менуваме, нашата внатрешна слика за проблемот се менува. А кога ќе се вратиме дома, таа слика делува врз целото наше семејство. На пример. Мајката работи на тема – односот со својот син, што никако не може да го положи последниот испит на факултет. Нејзината претставничка во констелациите, сака да легне бидејќи чувствува дека нема сила. Таа легнува, а претставникот за синот стои покрај нејзе. Претставникот за факултетот благонаклоно стои на страна. Мајката почнува да плаче бидејќи се сетила дека го изгубила сопругот во сообраќајна несреќа кога децата биле сеуште мали и дека тогаш рекла: “Само да завршат школо, па можам да умрам”. Синот, всушност несвесно сочувствувал со нејзината незавршена траума на губиток и во некој вид на нејзината усмереност кон смртта.

Само на база на својата интуиција, клиентот ги бира “правите” претставници на својата фамилија, помеѓу непознати луѓе?

Клиентот обично сосем несвесно и на база на својата интуиција бира лица кои имаат сличен проблем или семејна приказна. Дури и кога би ги избрал “од ракав”, претставниците добро би ги презеле своите улоги, затоа што сите ние во своите семејни истории имаме слични искуства врзани за различни трауми, губитоци, љубови, предавства, несреќи, страдања во војни итн. Странката најчесто бира претставници за себе и потоа ја гледа ситуацијата од страна. Но, на крајот го завзема своето место во променетата констелација и го гледа разрешувањето на својот проблем. Терапевтот обично дава инструкции на претставниците, кога ќе бидат поставени на свое место, да станат свесни за своите физички доживувања и внатрешни чувства и да после тоа ги следат своите движења. На пример, ако чувствуваат непријатност кон некого, треба само малку да се оддалечат или да променат некоја позиција или да му пријдат на некому што им е близок, да покажат бес ако се лути итн

А што е со оние на кои име тешко да се соживеат со таквата атмосфера?

За срамежливите, за оние на кои им е потешко да се опуштат пред непознати, кои се стегаат да ги покажат своите чувства пред другите луѓе, оваа терапија посебно е благотворна. Во почетокот се како заледени, но веќе после неколку средби стануваат поопуштени, спонтани и почнуваат да ги покажуваат своите чувства што едноставно им навираат од улогата во која се нашле. Тоа со време се пренесува и на другите ситуации во нивниот живот во кои би почнале да настапуваат со многу повеќе самодоверба и отвореност.