Мандала

Психолошко советувалиште

Психолошка анализа на соништа

„Кој гледа нанадвор-сонува. Кој гледа навнатре - се буди“

Психотерапија

Психотерапијата и психолошкото советување се наменети за разрешување на лични и семејни потешкотии, надминување на животни предизвици и кризи. Целта кон која целиме со овие процеси, е личниот раст и развој, радоста, емоционалниот баланс и подобар квалитет на живот

Групна психотерапија

Ја креираме својата најдобра животна приказна, преку работа на себе во група

Семејни констелации

Семејните констелации претставуваат психотераписка метода која се користи во трансформацијата и разрешувањето на различни психолошки теми и проблеми, како индивидуални така и семејни, партнерски, родителски, професионални, здравствени, и многу други. Оваа метода е позната и под називите Поредок на љубовта ( Order of Love), Семеен распоред и сл

Психодијагностика

Психодијагностиката подразбира: - Психолошка експлорација со примена на психодијагностички методи, техники и иструменти - Креирање на психолошки наод и мислење во насока на специфичната цел заради која се врши психодијагностиката, кој вклучува: интерпретација на тестовните резултати кои ги остварил клиентот, заклучок со психодијагностичка импресија, и препорака од психологот

Психолошка анализа на соништа

Сите сонуваме, секоја ноќ, неколкупати во текот на ноќта. Соништата нè учат, инспирираат, нè насочуваат, но и раскажуваат за нашето колективно наследство и иднина, усмерувајќи го развојот на цели култури и цивилизации. Според своето значење, тие може да бидат мали и големи. Можат да ни донесат корисна препорака за моменталната наша ситуација, или да најават значајни промени во нашиот живот. Исто така, може да бидат предвидувачки, предупредувачки, исцелителни, компензациски, астрални. Секој сон е посебен и неговото значење му припаѓа само на оној кој го сонува – секој човек креира своја симболика зависно своите искуства. Анализата е личен процес, без разлика дали се прави индивидуално или во група. Индивидуалните сеанси овозможуваат длабинска анализа на соништата која може да поттикне значајна работа на себе низ психолошко советување и психотерапија.

Што ни овозможува психолошката анализа на соништа?

1.Пораките од соништата помагаат да ги корегираме свеснoто гледање и доживување на секојдневните ситуации, на луѓето во нив, како и на самите нас во смисла на себезапознавање. На тој начин можеме да избегнеме повеќе заблуди и конфликти, да бидеме задоволни и успешни во нашиот живот бидејќи подобро ќе го разбереме

2. Соништата не подготвуваат за важни животни случувања, настани и промени. На тој начин трошиме многу помалку психолошка енергија кога ќе се случат тие настани, бидејќи веќе сме ги обработиле психолошки низ соништата.

3. Соништата кои се повторуваат, имаат исти или слични елементи и содржини, му помагаат на сонувачот да ја согледа животната ситуација или проблем во кој се наоѓа, а кој не успева да го согледа на свесно ниво и затоа одново влегува во истите ситуации и проблеми

4. Кошмарните соништа упатуваат на горлив животен проблем кој сонувачот не успева да го реши бидејќи го нема целосниот увид во проблемот кој се чини дека бара итно разрешување

5. Соништата може да дадат конкретно и јасно предупредување за извесна опасност, па навремената анализа може да помогне да се избегнат ризични и непријатни настани

6. Некои соништа предвидуваат повеќе или помалку значајни настани. Понекогаш првиот сон од детството на кој се сеќава сонувачот, може да ја прикаже неговата животна приказна

7. Низ долгогодишна анализа на соништата, сонувачот може да го следи својот развој и созревање, како и главните конфликти кои го кочат тој процес.

Психотерапија

Психотерапија Причина за да се побара психолошка помош е кога личноста се соочува со специфичен психолошки проблем, одредена животна ситуација која не умее сама да ги разреши; или кога личноста едноставно сака да се открива себеси, да расте и се развива во секој аспект на својот живот.

Психотерапијата е тераписки процес кој се одвива низ дијалог, вежби, експерименти, различни методи и техники кои покренуваат различни процеси вклучувајќи го телото, емоциите, мислите, однесувањето. Велиме дека психотерапијата е процес бидејќи таа сама по себе не нуди готови решенија и одговори, иако терапевтот поседува стручни искуства и знаења за конкретни прашања кои е потребно да ги одговори директно и јасно. Психотерапијата бара активно учество на клиентите во своето психотераписко време за себе, затоа што само тогаш таа е успешна и нуди добри резултати. Психотерапијата се чини дека е болна, тешка, сериозна....всушност таа е лечебна, ослободувачка, едукативна, мотивирачка, инспиративна, интригантна, дури и забавна! Она што е најважно за овој процес, е дека тој се одвива во безбедна, интимна и дискретна средина, во која сите учесници се почитуваат и уважуваат еден со друг. Психотерапевтот е Вашиот придружник на патот кон – себе. Конечната цел на овој процес е повторно да се сретнете себеси, автентични, целовити и радосни, во љубов и баланс со сопствената душа.

Психотерапијата и психолошкото советување се изведуваат на следниот начин:

- Индивидуално советување /психотерапија
- Партнерски/брачно советување
- Семејно советување /психотерапија

Групна психотерапија

Групата за личен раст и развој е место и време во кое можеме да бидеме бескрајно свои, автентични, слободни. Простор во кој се откриваме и запознаваме себеси, го ослободуваме она што веќе не ни е потребно и го примаме во својот живот она што сакаме да го креираме; а сето тоа во пријатна, топла и безбедна атмосфера.

Групата е наменета за секој кој сака да биде креатор на својата животна приказна. За секој кој е заинтересиран за својот личен развој, промена, свесност за себеси. Во текот на групната работа, групната енергија нè води кон работа на оние теми кои се најзначајни за групата, како на пример:

- Љубов и секс. Избор на партнер. Квалитетна партнерска релација
- Поставување цели и донесување одлуки
- Вештини за справување со/ослободување од стрес
- Зајакнување на емоционалната интелигенција
- Разрешување на животни застои и блокади
- Разрешување на животни предизвици
- Наоѓање на конструктивни решенија на проблемите
- Зајакнување и развивање на (само)доверба и (само)почитување
- Подигнување на свесноста за себеси, и свесноста за другите
- Унапредување на релациските вештини ( релации во семејството, социјални релации, пријателски, партнерски....)
- Развивање на побогат психолошки живот
- Разработка на постоечкото животно сценарио (скрипт) и поддршка за донесување на нова одлука за поставување здрави цели и ново, конструктивно и победничко животно сценарио

Групната работа се одвива според методологијата на трансакциона анализа и системска семејна психотерапија, а притоа ќе применуваме и:
- Медитација
- Вежби насочени кон емоционално ослободување и емоционален баланс
- Интерактивни вежби

Семејни констелации

- Зашто со секој партнер ја преживувам истата врска?
- Зашто парите не доаѓаат кај никого во моето семејство?
- Зашто моето амбициозно, смело, отворено дете одеднаш страда од силна трема?
- Зашто не можам да износам здрава бременост до породување, иако докторите велат дека не постои медицинска причина?
- Како човек кој 20 години се вози со автобус, одеднаш во тие околности започнува да страда од панични напади?
- Зашто секогаш наоѓам агресивни партнери?
Овие прашања се Ваши теми, за кои ја правите својата констелација.

Станува збор за трансгенерациски метод креиран од Bert Hellinger, со кој се изнесува на виделина и разрешува заплетеноста на семејниот член во животните искуства и траумите на родителите и претходните генерации. Поредокот на љубовта трага за корените на проблемите и ги решава на она ниво на кое тие и настанале. Проблемот или темата поради која доаѓаме на констелација е лична, но нејзиниот корен може да биде во тешкото искуство, болните чувства, неразрешените релации и трауми низ кои сме поминале во текот на детството, младоста; или пак може да биде поврзан со болните искуства на нашите родители, нашите баби и дедовци, или генерациите пред нив. Семејните констелации се метода која ги разрешува трансгенерациските трауми, кои несвесно преку емоционалното и психолошко врзување на децата за нивните родители, се пренесуваат од родителите на децата.

Низ семејните констелации се отвора патот кон љубовта која живее во секој од нас. Токму разрешувањето на блокадите овозможува љубовта да ја совлада браната и повторно да протече. Тој процес е лечебен: љубовта е сеопфатна, и се изразува само во слобода. Семејните констелации овозможуваат да се надминат блокадите, стравовите, проблемите, траумите во семејните, пријателските, работните релации; да ги откриете и трансформирате причините за конфликтите, недостатокот на финансии, љубов, самодоверба, здравје. Оваа метода може да се работи индивидуално и групно.

За групни семејни констелации, имаме фантастична можност да констелираме во Скопје заедно со Маја Мандиќ Марковиќ, која доаѓа од Белград, Србија. Таа е психолог, системски семеен терапевт, сертификуван едукатор и практикувач на Хелингеровата метода за семејни констелации Повеќе за семејните констелации и Маја Мандиќ Марковиќ на следните линкови: https://www.facebook.com/PorodicniRasporedHelinger/

Психодијагностика

Спроведување на батерија психолошки тестови со цел креирање на психолошки наод и мислење