Животни вештини

ЖИВОТ ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНА

Автор:Ивана Станковска

Оваа вонредна ситуација во која живееме повеќе од еден месец, беше различно дочекана од секоја индивидуа и секое семејство. За некои оваа вонредна ситуација ја наруши воспоставената животна стабилност, а други ги најде сред веќе постоечка лична криза, и/или животна нерамнотежа. Она што е сигурно, е дека за повеќето од нас се одложија одредени планови, цели, намери, и се прекина нашиот востановен животен тек.